printec  

Принтек групацијата е лидер во решенијата за автоматизирани трансакции во југоисточна Европа. Седиштето на компанијата се наоѓа во Атина, а компанијата ги нуди своите производи, решенија и сервиси во 15 земји во регионот.

Уште од почетокот, групацијата Принтек нуди широк спектар на специјализирани решенија за финансиски институции, нафтени компании, големи трговци, владини организации, како и за многу други организации од јавниот и од приватниот сектор. Компанијата креира, доставува и поддржува производи, решенија и сервиси во областа на: системи за електронска наплата, опрема за филијали, банкарски софтвер, апликации за картички, решенија за безбедно печатење на документи и интегрирани ИТ решенија.

Примарните цели на Принтек се секогаш фокусирани на задоволување на барањата на клиентите. Во партнерство со водечките светски провајдери за решенија за автоматизација на трансакции како што се NCR, Verifone, DeLaRue, Welcome и други, Принтек може да обезбеди ефикасни и доверливи бизнис решенија ширум светот. Со големото искуство и знаење, како и со инвестирање во истражување и развој и високо образован кадар, Принтек може да се смета за доверлив партнер за сите типови на компании и организации во југоисточна Европа.

Printec Ltd. е основана во 1988 година, во Атина. Активностите на компанијата биле ориентирани кон полето на информатичката технологија, односно кон областа на компјутерски периферии.

Во 1992 година, компанијата го менува статусот во Printec S.A. и започнува со развој на нови активности во полето на електронска наплата и автоматизација на трансакции каде за многу кратко време се зацврстува како пионер и лидер. Со основањето на својата прва филијала Printec Bulgaria Ltd. во 1992, Printec ја започнува корпоративната експанзија во регионот на југоисточна Европа, проследена со втората филијала во 1995, Printec Cyprus Ltd.

Почетокот на новиот век ја сигнализира понатамошната експанзија на групата со аквизицијата на бизнис ентитетите од NCR коорпорацијата во Словачка, Словенија, Хрватска и Романија. Исто така договорот вклучува ексклузивна дистрибуција на NCR производи во Босна и Херцеговина, Молдавија, Македонија, Србија и Црна Гора. Последователно, Printec станува голем NCR дистрибутер во југоисточна Европа. Денес, Printec работи со 15 филијали, вклучувајќи ги и најновите во Косово, Украина и Чешка Република.

Седиштето на компанијата е сместено во Атина, Грција. Сите филијали го делат истото основно портфолио на производи и ја следат истата корпоративна стратегија. Сепак, секоја филијала има независна структура со цел поефикасно да се прилагоди според специфичните барања и услови кои го карактеризираат секој пазар.
Од 1998, Принтек прерасна во интернационален провајдер на иновативни производи, услуги и решенија, лидер во полето на електронска наплата и автоматизирани трансакции, со повеќе корисници и учество на пазарот во споредба со неговите конкуренти. Сите овие резултати се поради бескомпромисните обврски кон вредностите на компанијата, визијата и мисијата.

Во Групацијата Принтек, повеќе од 600 високо квалификувани вработени во 15 земји, постојано работат со цел да се достигне највисокото можно ниво на услуга и задоволство на корисниците, со користење на високо технолошки решенија во секојдневното работење на стотици организации во југоисточна Европа.

 

Принтек групација
 
"Ваш доверлив партнер во Југоисточна Европа"
 
 
Printec Footer EvermoreWorld.com Privacy Policy EvermoreWorld.com