printec  
Корпоративна етика

Како ја достигнуваме нашата мисија е важно како и самата мисија….

Во Принтек, потребите и интересите на нашите клиенти се движечка сила покрај нашите активности. Постојано се надгледува интернационалниот пазар, со цел да се добијат иновативни, ефикасни, надежни и долготрајни решенија за да се задоволат потребите на нашите клиенти.

Денес, повеќе од било кога, компанијата продолжува да воведува новини, да унапредува и развива со големо темпо. Се што се случува е проследено согласно со истиот принцип и истата филозофија:

Обврска кон нашите клиенти
Обврска кон квалитетот
Обврска кон нашите луѓе

Обврска кон нашите клиенти
Целите на Принтек секогаш се движечка сила, причина за постоење и нејзина мисија. Задоволството на клиентите е секогаш највисок приоритет за Принтек. Со внимателно сослушување на клиентите со цел вистински да се разберат нивните потреби, компанијата доставува производи, решенија и услуги кои потпомагаат во лидерството на клиентите. Со тоа што е конзистентна при обезбедувањето производи, сервиси и решенија според стандарди за висок квалитет, Принтек ја доставува додадената вредност со што ја добива почитта и лојалноста од своите клиенти.

Обврска кон квалитетот
Квалитетот е камен темелник на се што прави Принтек. Компанијата секогаш настојува да развива иновативни, ефикасни и надежни производи и сервиси кои всушност се базирани на високо квалитетна техничка експертиза и познавање. Тоа е бескомпромисната обврска на компанијата за да им се обезбедат квалитетни производи, решенија и сервиси на клиентите.

Обврска кон нашите луѓе
Со вработувањето на повеќе од 600 високо квалификувани, обучени професионалци со големо искуство во индустријата, Принтек групацијата успева да креира и поддржува работна етика и средина која дава потстрек на отвореноста, тимската работа и лојалноста. Постојаниот труд за одржување етика за учење и континуираното инвестирање во обучување на кадарот и развој на кариерата, на компанијата и обезбедија едно од најдобрите места за работа во ИТ секторот во југоисточна Европа.

Овие клучни принципи успешно водат кон нашето интернационално проширување и ја направија нашата компанија изборен партнер за сите видови на организации во југоисточна Европа.

 

 

Принтек групација
 
"Како ја достигнуваме нашата мисија е важно како и самата мисија…."
 
 
Printec Footer EvermoreWorld.com Privacy Policy EvermoreWorld.com