printec  
Printec Group ја заврши имплементацијата на решението за мрежна оптимизација на Flash Networks кај еден од најголемите мобилни оператори во југоисточна Европа

Атина, Грција, 9 Декември 2010 – Printec Group го објавува своето партнерство со Flash Networks, глобален провајдер на - Internet Service Gateway, со цел да ја задоволи зголемената побарувачка на Фиксните и Мобилните Оператори за решенија за оптимизација на податоци и видео, како и контрола на содржина. Согласно ова партнерство, Printec Group ќе ги нуди решенијата за мрежна оптимизација на Flash Networks во сите 15 земји во кои работи.

Заедно со Printec, Интернет решението на Flash Networks, Harmony, е имплементирано во еден од најголемите мобилни оператори во Југоисточна Европа и дава забележителни резултати со тоа што му овозможува на операторот да им обезбеди на корисниците подобрен квалитет на искуство за веб пребарување, како и зголемен пристап за користење на Интернет од било кој уред во било која мрежа. Дополнително, во иднина, платформата ќе му обезбеди на операторот да има бенефит од намалени трошоци и зголемена профитабилност, поголемо адаптирање на сервиси и лојалност на корисниците, заедно со побрзо време за подготовка на нови сервиси прилагодени на пазарот, со користење на Harmony интелигентниот менаџмент на полиси и оркестрација на сервиси и видео оптимизација.

Партнерството со Flash Networks, водечкиот провајдер за менаџмент на податоци и решенија за оптимизација, го зајакнува постоечкото портфолио за телекомуникациски решенија на Printec Group. Со поставување на Harmony платформата на Flash Networks, операторите можат да обезбедат зголемено задоволство кај корисниците, намалување на оперативните трошоци и генерирање нови приходи. Дополнително, следната генерација на услуги за контрола на содржина, може да го намалат пристапот до несоодветна содржина и да обезбедат безбедно пребарување наменето и за резиденцијални и за деловни корисници.

Како веќе докажано во преку 50 оператори во светот, имплементацијата на решението за Web & Media оптимизација на Flash Networks, води кон значително намалување на податочниот сообраќај преку 3G мрежа за повеќе од 70%; во исто време се подобрува задоволството на крајниот корисник и се адаптираат Интернет сервисите, што резултира во повисоко ARPU.

„Денес, широкопојасната пенетрација и потребата од континуирана и непрекината поврзаност, заедно со интензивниот натпревар за цените кај крајните корисници, ја доведуваат мрежата на операторите до работ на искористеност, со што се форсираат операторите да инвестираат во континуирано подобрување, без, се разбира, добивање на очекуваните резултати“, рече Vassilis Mathioudakis, Директорот за развој и маркетинг во Printec Group. „Препознавајќи ја вредноста на динамичните мрежни сервиси, ние сме многу задоволни со ова партнерство. Веруваме дека специјализираното решение за мрежна оптимизација на Flash Networks ќе им овозможи на нашите клиенти да им обезбедат на нивните крајни корисници висококвалитетни сервиси, подобро управување на нивните мрежни ресурси и зголемување на нивните приходи.“

„Со здружување на силите со ваков почитуван и докажан партнер, ние можеме да доставиме решенија за видео оптимизација и други решенија за интелигентен сообраќај за овој брзо растечки регион“, рече Meray Behat, заменик претседател на одделот за маркетинг и бизнис развој во Flash Networks. „Веќе со успешниот заеднички развој и уште неколку развојни проекти кои чекаат на ред, очекуваме понатамошно проширување на нашето партнерство за да им помогнеме на телеком операторите да го изменаџираат зголемувањето на нивниот сообраќај и да обезбедат персонализација на корисничките услуги.“

За Flash Networks

Flash Networks е глобален партнер за интелигентни решенија на Интернет услуги кои им овозможуваат на операторите да го подобрат квалитетот на услугите, да ги намалат трошоците за работа на мрежата и да го управуваат и да ја одредат вредноста на Интернет сообраќајот. Со обезбедување на побрзо, посигурно, побогато и повеќе персонализирано корисничко искуство, Flash Networks Harmony Internet Services Gateway им помага на операторите да постигнат значителни заштеди на трошоци преку интелигентна оптимизација на податочниот сообраќај и наметнување на интелигентни полиси за целните пазари и наплата. Со претставништва во Европа, Азија и Северна Америка, Flash Networks има инсталирано база на врвните мобилни оператори вклучувајќи ги , T-Mobile, Vodafone, O2, Orange, SingTel Group, Telefonica, Telenor, Verizon Wirelessи Wind. За повеќе информации посетете ја: www.flashnetworks.com

Printec Group ја задржува профитабилноста и покрај економската криза

Атина,30 Септември 2010 – Printec Group ги објавува консолидираните финансиски резултати за фискалната година 2009 година, согласно Интернационалните Стандарди за Финансиски Извештаи (IFRP). Групацијата ја задржа својата јака и стабилна профитабилност и покрај тешките економски услови во југоисточна Европа и намалените инвестиции во ИТ инфраструктурата на финансиските организации, главните корисници на Групацијата, во текот на 2009. Ова се втори финансиски извештаи на Групацијата кои се утврдени според деловните активности во 15 земји каде што функционира.

Поточно, и покрај утврдениот пад на приходот од 31,6% (на 68,9 € мил), во споредба со претходната година, добивката пред оданочување (earnings before tax - EBT) изнесува 9,7 € мил., намалена за само 10%.

Printec успеа да ја подобри нето и бруто профитната маргина од 30,1% и 14% во 2009 година и 25,7% и 10,8% во 2008 година, што е мошне значаен факт за работењето на Групацијата. Ова подобрување се должи на зголемените приходи од услугите на додадена вредност и софтверски услуги, сегменти каде што Групацијата покажа значителен напредок во последните неколку години.

Во однос на финансиските резултати на компанијата, Претседателот на Групацијата и Извршен Директор, г-дин Haris Konstantinou, изјави: „Консолидираните финансиски резултати објавени денес, уште еднаш ја покажува динамиката на Принтек. По дваесет години континуиран раст, Групацијата успешно се снајде во тешките економски услови во 2009 година, искористувајќи ја нејзината клучна експертиза и know-how. Истовремено, компанијата продолжува да расте, со понатамошно вложување во развојот на различни решенија и производи, надвор од традиционалните деловни активности, и со воспоставување на партнерства со водечки светски вендори“.

Коментирајќи ги овогодинешните резултати, Финансискиот Директорот на Групацијата, г-дин George Kondylis коментира: "Printec Group успеа да задржи здрава структура на капиталот, со близок до нула нето долг и задоволителен тек на готовина и покрај тешките околности. Ова е клучна основа за силен раст во наредните години ".

Соработка помеѓу Printec Group и Transoft International за обезбедување решенија за менаџмент со готовина во финансиските институции во Југоисточна Европа

Атина, Грција, Септември 2010 – Printec Group го објави своето партнерство со Transoft International, глобален лидер за софтверски решенија за управување со ланец на достава на готовина, со цел да се подобри неговата понуда во полето на автоматизација на трансакции. Како резултат на ова, Printec ќе им понуди на финансиските институции во Југоисточна Европа комплет со специјализирани решенија кои го автоматизираат процесот на управување со барањата за готовина низ банкарската мрежа.

Во партнерство со Transoft, пионер во индустријата со управување со готовина кои во моментов добро управува со преку 100,000 банкомати и филијали, Printec го нуди OptiSuite, премиерно решение за управување со готовина кои овозможува банките да имаат готовина веднаш на рака во сите места за готовина во нивната организација. Имајќи го точниот баланс на готовина во филијалите и во мрежата на банкомати, банките се во состојба да ги задоволат барањата на клиентите, и да го избегнат чувањето на вишок готовина кои би можеле да се инвестираат на друго место. Преку софистициран, пристап на три нивоа, вклучувајќи прогнозирање, оптимизација, и автоматизација, OptiSuite ги зема во предвид сите фактори поврзани со управување со готовина и прави интелигентни предлози кои ефективно ќе ги намалат трошоците на управување со готовина на банката.

Со употреба низ целиот свет од страна на банките и мрежите со банкомати, Transoft решенијата обезбедуваат значителна повратна заштеда на трошоците, кои се директен резултат од примената на софистицирана статистичка анализа, како и дневно балансирање на сите компоненти на трошокот, за да се одреди оптималната позиција за чување на готовина, во банкомат, филијала , трезор и парични складишта.

Преку овој договор со Transoft, корисниците на Printec ќе бидат во можност да го автоматизираат прогнозирањето, нарачката, следењето и надгледувањето на готовината, со цел да се оптимизираат барањата за готовина и да се справат со трошоците, при што драстично се намалуваат трошоците и се подобрува оперативната ефикасност.

„Среќни сме за склученото партнерство со Printec. Веруваме дека премиерните производи на Transoft ќе бидат додадени на веќе импресивните производи и решенија на Printec што на своите клиенти ќе им обезбеди најдобро решение за управување со готовина во неговата класа ", рече Bo H. Holmgreen, претседател на Transoft.

„Свесни за значењето на управување со готовина во напорите на нашите клиенти за оперативна ефикасност во денешната тешка глобална економска средина, ние сме многу среќни што станавме партнери со Transoft International. ", изјави Vassilis Mathioudakis, директор на развој на производи и маркетинг, Printec Group. "Нашиот засилен придонес ќе им овозможи на нашите клиенти да останат конкурентни со намалување на ризикот и трошоците и максимизирање на заштедите и работејќи во согласност со политиките на централната банка“.

За Transoft International, Inc

Transoft International, Inc е водечки снабдувач на софтверски решенија за управување со ланец на достава на готовина за банкарскиот сектор. Transoft производите вклучуваат OptiCash, OptiNet, OptimizeCF, OptiVLM и OptiVault. Овие софистицирани апликации се развиени од страна на искусни професионалци за управување со готовина за ефикасно и економично справување со сите аспекти на комплексниот процес за управување со готовина. Употребувано нашироко од страна на банките, мрежите од банкомати, компании за обезбедување на готовина и пратки, и трговците на мало, Transoft решенијата генерираат значителна заштеда на повратни трошоци за сите форми на мрежите на синџири на снабдување со готовина. За повеќе информации, посетете www.Transoftinc.com.


Принтек Технолоџи сертифициран со ISO 20000-1:2005

Скопје,20 Мај 2010 – Принтек Технолоџи дооел Скопје,подружница на Групацијата Принтек објавува дека компанијата го доби сертификатот ISO 20000-1:2005, стандард кој го промовира прилагодувањето на пристапот на интегриран процес за ефективна испорака на управувани сервиси со цел да се задоволат деловните барања и барањата на корисниците. За да се задоволат барањата и спецификациите на овој стандард, Принтек Технолоџи разви и имплементираше ИТ сервис менаџмент систем, кој обезбедува контрола, поголема ефикасност и можност за континуирано унапредување на сервис менаџмент процесите.

Бројот на сертификатот е SO1-956-001-DC-IT и е валиден за следното подрачје на работа: „ИТ сервис менаџмент систем кој го поддржува обезбедувањето на подготовка, инсталација и одржување на ИТ производи и решенија според каталогот на услуги на Принтек Технолоџи дооел Скопје, во рамките на неговите технички и организациски можности.“

„Принтек целосно се обврзува на обезбедување на високо квалитетни услуги во кои нашите клиенти ќе имаат целосна доверба“ рече Јане Наумоски, Директор на Принтек Технолоџи. „Со новиот унапреден сервис менаџмент систем, веруваме дека ќе го подобриме нашиот сервис менаџмент, квалитет и ефикасност, обезбедувајќи ефективност на нашите тимови од врвни експерти за поддршка на нашите корисници, со што ќе им овозможиме проширување на понудените сервиси и надминување на нивните очекувања. “


Решението за АТМ безбедносна камера на Групацијата Принтек им помага на финансиските организации да се соочат со измами и е во согласност со регулаторните предизвици

Атина, Грција, Април 2010 – Групацијата Принтек,лидер во решенијата за автоматизирани трансакции, го објавува дизајнот и развојот на решение кое им овозможува на финансиските организации во светот да сликаат и управуваат со слики и видео податоци во АТМ мрежи од различни производители. Решението за АТМ безбедносна камера веќе е имплементирано во финансиските организации во Југоисточна Европа.

Во средина со зголемени измами и закани преку ATM, каде регулаторните ограничувања ги принудуваат финансиските организации да се усогласат со физичката безбедност на ATM-ите и барањата за мониторинг на трансакции, решението на Принтек им помага на финансиските организации да се соочат со безбедносните проблеми на ATM-ите и да бидат во согласност со законите и регулаторните барања. Со инсталација на решението, финансиските организации можат да направат слики поврзани со критичните чекори во секоја АТМ трансакција. Овие податоци (слики и видео) се чуваат локално на ATM-от за време кое се конфигурира; исто така, овие податоци може да се пренесат на сервер рачно или автоматски во временски периоди кои се конфигурираат. Дополнително, сликите се временски обележани што може да даде дополнителни детали поврзани со трансакцијата, со што е овозможена значајна помош за следење на невообичаени и сомнителни настани во текот на трансакциите. Конечно, решението може да се имплементира во мрежни средини на АТМ-и од различни производители, со што се добива предност на додадена вредност во смисла на централен менаџмент и леснотија при одржувањето.

Групацијата Принтек дизајнираше и разви решение за АТМ безбедносна камера кое е изведено според барањата на корисниците и потребите на пазарот во областа на измами преку ATM. Меѓу повеќето бенефити на ова решение е и подобрената безбедност на трансакциите без прекинување на АТМ трансакциите, регулаторна согласност, подобрена безбедност, намален ризик за трансакциски измами, оддалечен пристап на мултимедија/видео и фотографирање.

Финанскиските организации во регионот кои го имаат имплементирано решението го оценија како особено ефикасно. Во текот на прегледот на системот по имплементацијата, е утврден о дека решението може да им помогне на банките ефикасно да се справат со спорните трансакции пратени до нив од нивните клиенти, додека паралелно на ова, банките може успешно да ги опслужат сите барања кои доаѓаат од законодавните и извршните власти, за борба против нелегалните активности. Исто така, извештаите за задоволство на корисниците покажуваат дека корисниците се особено задоволни од професионалниот и организиран проектен менаџмент, што резултираше во кусо време за имплементација. Забележано е и дека покрај согласноста на банката со законите и регулаторните барања, одделот за АТМи во банката сега има важна дополнителна алатка која му овозможува справување со сите барања и жалби/спорови, поднесени од крајните корисници при користење на нивната ATM мрежа.


Групацијата Принтек е избрана за имплементација на проектот „Автоматска детекција на пожар“ во Кипар

Атина, 12 Април 2010– Групацијата Принтек објавува дека од страна на Одделот за шумарство при Министерството за земјоделство, природни ресурси и животна средина е избрана за имплементација на решение за автоматска детекција на пожар во областа Акамас, Кипар. Проектот е веќе имплементиран и успешно функционира. Принтек обезбеди решение за копнен дигитален систем за далечинско набљудување од производителот„IQWireless FireWatch“, кое овозможува набљудување и анализа на големи шумски региони, како и евалуација и чување на прибраните податоци, со што се овозможува брзо откривање на чад и спречување на шумски пожари. Чувствителноста, прецизноста и сигурноста на решението овозможува рана детекција и препознавање на шумски пожари. Покрај имплементацијата на проектот, групацијата Принтек е одговорна и за техничката поддршка на решението во следните пет години.

Со инсталацијата на ова решение, Одделот за шумарство ќе биде во можност да примени рано предупредувачко решение кое открива секаков пожар најмногу 6 минути од појавата на облаци од чад, со што значително се намалува времето од појавувањето на пожарот до неговата откривање и известување за истиот.

Г-дин Charalampos Alexandrou, постар конзерватор за шумарство при Одделот за шумарство изјави: „За нашиот оддел, поважно е да се биде проактивен отколку реактивен. Поради ова ја избравме групацијата Принтек и нејзината најсовремена технологија која ќе ни помогне во нашата тешка и критична работа. Со имплементацијата на проектот се очекува подобрување на постоечкиот систем за детекција, и последователно брза интервенција и навремена елиминација на пожарите на поефективен и поефтин начин, со што се помага во зачувувањето на нашето природно наследство.“

Се верува дека заштитата на шумите е критична за справување со климатските промени. Групацијата Принтек верува дека оваа интегрирана понуда ќе го обезбеди Одделот за шумарство со решение за брза декетција на пожар. Целта на групацијата е да обезбеди најсовремена технологија која ќе им помогне на јавните власти во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и ќе придонесе во нивната визија за зелен развој. Специфичното решение за детекција на пожари ќе им помогне на шумските влати да ги контролираат шумските пожари и да ги заштитат природните области и екосистемите со избегнување на една од најпознатите причини кои предизвикуваат уништување на шумите.


SPAR, најголемиот ланец на продавници за храна во светот, со пилот за NCR self-checkout во Словенија
NCR self-checkouts за заштеда на време и пари на купувачите во SPAR Словенија

Лондон, 25 Јануари 2010 - SPAR, најголемиот синџир на продавници за храна во светот со околу 126, 800 продавници во 32 земји потпиша договор за нарачка со NCR Corporation (NYSE: NCR) за инсталација на NCR self-checkouts во 12 SPAR INTERSPAR хипермаркети во Словенија. Водечкото во светот self-checkout решение NCR SelfServ™ Checkout им овозможува на клиентите да разгледаат, одберат и сами да платат за производите. Printec, најголемиот партнер за NCR решенија глобално, беше вклучен во целата имплементација на проектот, обезбедувајќи локален проект менаџмент, инсталации на хардвер и софтвер, обука и поддршка при пуштање во продукција.

Распределбата на 52 self-checkout беше потпишана со поддршка на Printec, партнер за NCR решенија во Југоисточна Европа. Доколку се покаже како успешнa, NCR SelfServ Checkouts може да се постават и во другите SPAR продавници во Словенија во 2010.

Aspiag (Austria SPAR International AG), мајка компанија на SPAR Словенија, го зголеми својот прход за 10% и сега остварува приход од 10,66 милијарди евра од малопродажба во 2008. Иницијативата за self-checkout е заради продолжување на овој раст со зголемување на нивото на услуга на купувачите и овозможување работа со помалку трошоци.

Aspiag вели: „Да се биде само убедлив провајдер кој нуди одличен опсег на производи за одлични цени не е доволно за SPAR. Ние сакаме да го направиме секојдневното купување во нашите продавници што е можно полесно и веруваме дека self-checkout ќе ни помогне да ја постигнеме таа цел. Тоа ни овозможи повеќе достапни места за наплата во продавниците за купувачите и ќе го ослободи персоналот да ја подобри достапноста на продуктите во нашите продавници и ќе им помогне на купувачите да ги лоцираат производите.“

Подобрениот дизајн на решението исто така обезбедува ефикасност во работата на трговците и купувачите. NCR SelfServ Checkout го има патентираниот двостран термален печатач на белешки, кој овозможува истовремено печатење на двете страни на белешката со што се намалува трошењето на хартија до 45% и се продолжува/зголемува бројот на печатења. Дополнително, NCR RealPOS High Performance Scanner/Scale™ нуди супериорни перформанси на скенирање за да го направи скенирањето на self-checkout побрзо за купувачите.

Влезот/Излезот за банкноти се поставени еден покрај друг за полесно користење од страна на купувачите, додека “следи ме” сијалички на уредите го водат купувачот во секој чекор од checkout процесот. NCR SelfServ Checkout сега поддржува стандарден интегриран рециклирач на монети, како и опција за интегриран рециклирач на сметки.

Self-service консалтинг тимот на NCR даде голем придонес кон целокупното пан-Европското искуство околу имплементацијата на NCR SelfServ Checkout за да му помогне и да го води SPAR Словенија со точната checkout конфигурација и имплементација на „најдобрите искуствата„ во работата за да се добие оптималното задоволство на купувачите и персоналот.

Greg Mann, NCR SelfServ Checkout Solution специјалист за Европа, Среден Исток и Африка, вели: „Купувачите низ целиот свет ја бараат брзината, прикладноста и контролата понудена од самоуслугата (self-service). Навистина, научниците покажаа дека на купувачите повеќе им се допаѓа да купуваат кај трговец кој нуди технологија за самонаплата. SPAR е голем иноватор и се разликува од своите конкуренти со понуда на self-checkout технологија на купувачите која е водечка на пазарот.“

NCR SelfServ Checkouts се справи со над 2,5 милијарди трансакции на продажба минатата година во продавниците, do-it-yourself (DIY), генерална трговија и продажба во подсекторите за здравје и убавина. Поставувањето на NCR’s self-checkout решенија во SPAR Словенија го зголеми вкупниот број на земји каде оваа технологија се користи на 22.

За SPAR

SPAR е најголемиот волонтерски синџир на продавници во светот кој работи под исто име и со исто лого во 33 земји. Компаниите во секоја земја работат целосно автономно и независно од другите и не се поврзани со корпоративно право. Интернационалната SPAR дирекција има регистрирана канцеларија во Амстердам и ги поддржува индивидуалните SPAR земји со зајакнување на бренд името SPAR, развој на заедничка продажба во целиот свет како и ширење на заедничката размена на искуства и добивка на новите земји членки на SPAR. www.spar-int.com

За NCR Corporation

NCR Corporation (NYSE: NCR) е глобална технолошка компанија и лидер во автоматизирани благајнички машини, self-checkouts и други решенија за самоуслуга или assisted-service решенија, опслужувајќи повеќе од 100 земји. NCR сервисите за софтвер, хардвер, консалтинг и поддршка им помагаат на компаниите од трговијата, финансиите, транспортот, здравствената грижа и други индустрии во интеракцијата со клиентите преку повеќе канали.

Printec Group е сребрен партнер на 7-та конференција CEE Telecoms 2010
Букурешт, Романија, 25 Јануари 2010 - Printec Group го најавува своето учество како Сребрен спонзор на 7-та интернационална конференција CEE Telecoms 2010 која ќе се одржи во Букурешт од 27 до 28 Јануари 2010. Настанот е фокусиран на најновиот развој и ги опфаќа најкритичните прашања во индустријата за телекомуникации во Централна и Источна Европа и поконкретно пазарите во Југоисточна Европа.

Како ексклузивен сребрен партнер на настанот, Printec Group заедно со неговиот партнер Tejas Networks, ги поканува учесниците на конференцијата да го посетат штандот на компанијата, да се запознаат директно со експертите и да ги слушнат директорите и стратешките партнери кои го елаборираат портфолиото со решенија, искреирано да одговори на некои од клучните предизвици согледани од модерните телекомуникациски организаци. Учесниците на конференцијата исто така ќе имаат можност да слушнат презентација на 29 Јануари во 12:20 часот, на тема “Еволуција на хибридните мрежи“ од Д-р. Sarath Kumar, VP Engineering, Tejas Networks, телекомуникациски партнер на Printec Group.

Престижниот настан е наменет за оние кои ги донесуваат одлуките, топ менаџерите и ИТ специјалистите од локалните и регионалните телекомуникациски компании. Конференцијата ќе се фокусира на трендовите во телекомуникациите како што се; мобилна телефонија, интернет, широкопојасни решенија, дигитална ТВ и конвергентни медиуми вклучувајќи широкопојасни решенија, triple play, IPTV како и 3G развој. Таа ќе даде информативен преглед на Балканскиот регион, опфаќајќи го развојот на регулативата, големите играчи во фиксната телефонија, широкопојасните решенија, конвергентните и мобилните пазари, развојот на нови понуди на продукти за CEE пазарите, како и презентација на разновидни case-studies како додаток на презентациите од искуството на сениор професионалците.

За Tejas Networks

Tejas Networks е лидер во телекомуникациска опрема со високи перформанси со развој на иновативна комуникациска опрема на класа носители. Tejas Networks доживеа голем глобален успех кај телеком сервис провајдерите, со тоа што им помагаше во изградбата на мрежи кои ефикасно го собираат пропусниот опсег на краевите на мрежата, поради што нудат значителни заштеди во Capex и Opex за нивните клиенти, заедно со понудата на многу нови податочни сервиси кои генерираат дополнителен приход. За повеќе информации за Tejas Networks, посетете ја страницата www.tejasnetworks.com .

Printec Group и Oberthur Technologies најавуваат партнерство за достава на решенија за плаќање со картичка на клиентите во Југо-Источна Европа
Атина, Грција,20 Ноември 2009– Printec Group како водечки лидер во обезбедување на решенија во трансакциската автоматизација, со задоволство го објавува деловното партнерство со Oberthur Technologies, кој што е светски лидер во работењето со Смарт Картички. Ова партнерство ќе овозможи Групацијата Принтек да им ги понуди на сите свои клиенти во Југо-Источна Европа решенијата и платежните картички на Oberthur Technologies.

Иновативните решенија на Oberthur Technologies ќе им овозможат на финансиските организации во регионот, да им обезбедат на нивните крајни корисници, персонализирани платежни картички со висок квалитет. Со повеќе од 30 сервисни центри и локални партнерства распространети низ целиот свет, Oberthur Technologies персонализира повеќе од 300 милиони платежни картички годишно, за неговите клиенти лоцирани на сите 5 континенти.

“Ние цврсто веруваме дека нашето партнерство со Oberthur Technologies ќе претставува значајна понуда во нашето тековно портфолио на продукти. ” рече , Harris Konstantinou, Генерален Директор на Printec Group. “Printec има големо искуство во работата со картички, со успешно завршени проекти од големи размери во регионот. Ова партнерство со Oberthur Technologies значително ќе го зголеми нашиот капацитет за достава на целокупниот опсег на производи поврзани со пластични картички и услуги за нашите клиенти.

Склучувајќи партнерство со Printec, ние избравме да работиме со многу моќен партнер, кој ќе овозможи решенијата на Oberthur Technologies да бидат понудени на пазарот во регионот. Соработката помеѓу Printec и Oberthur Technologies претставува единствена комбинација на водечки компании, кои ќе овозможат целокупни решенија во трансакциската автоматизација на плаќањето во финансиските инситуции на Балканот и во Грција, рече Eric Duforest, извршен директор за Европа, во одделот за картични системи на Oberthur Technologies. Соработката со стратешки партнер како што е Printec е многу важен елемент за напредокот на Oberthur Technologies’ во овој регион и обезбедува инвестиции и долгорочна соработка со банките.

За Oberthur Technologies

Со остварена продажба од 882 милиони Евра во 2008, Oberthur Technologies е светски лидер во областа на безбедните технологии. Иновациите и неприкосновениот квалитет на услугите ја осигуруваат цврстата позиција на Oberthur Technologies’ на неговите главни целни пазари:

• Картични системи:Втор по големина провајдер во светот за сигурност и идентификација базирана на smart card технологија и поврзани услуги на пазарите за плаќање, транспорт, дигитална телевизија, мобилна телефонија итн.

• Идентитет:Водечки инертнационален добавувач за изработка и персонализација на безбедни лични документи како пасош, лична карта, возачка дозвола, здравствена легитимација – традиционални и електронски и поврзани услуги за владини и корпоративни пазари.

• Сигурно печатење:Трет по големина приватен сигурносен принтер во светот, специјализиран со најголема сигурност за произведување на банкноти, чекови и други доверливи документи во повеќе од педесет земји.

• Заштита на готовина:Светски лидер на растечкиот пазар на интелигентни системи кои што обезбедуваат сигурен пренос на пари и АТМ.

Блиску до своите клиенти, Oberthur Technologies има придобивка од своето индустриско и комерцијално присуство на сите пет континенти.

Oberthur S.A. е друштво со ограничена одговорност регистрирано во Франција со регистрирана адреса на 50 quai Michelet 92 532 Levallios Perret, Франција. Регистарскиот број на Oberthur Technologies S.A. e 340 709 534 R.C.S. Paris.

Website: www.oberthur.com

Учество на Printec Group на EMVCo Terminal Approval Working Group
Атина, Грција, 9 Ноември 2009 – Printec Group објавува дека компанијата е поканета да учествува на EMVCο Terminal Approval Working Group, која се организира во Париз, Франција на 16-ти Ноември од EMVCο, EMV телото за стандардизација кое е во сопственост на MasterCard Worldwide, VISA Inc, JCB Co. Ltd. и American Express. Целта на состанокот е EVMCo да ги информира и добие повратна информација од сите учесници во поглед на сите аспекти за процесите на сертификација во иднина на сите технологии. Состанокот е ограничен на мал број на експерти од производителите, вклучувајќи го и Dr. Fotis Moulatsiotis, Group Director S/W Research & Development Division, Printec Group.

EMVCο е основана во 1999 од Europay International, MasterCard International and Visa International за да ги управува, одржува и подобрува EMV™ Integrated Circuit Card спецификациите за системи за плаќање со цел да се обезбеди интероперабилност и прифаќање на системите за плаќање со чип картички во светот.

Printec Group е помеѓу неколкуте интернационални производители на системи кои се избрани да учествуваат на затворената дискусија. Printec Group беше избран од EMVCo поради неговото долгогодишно искуство во развој и тестирање на сертифицирани EMV јадра.

Printec Group надминува 100 милиони евра приходи со импресивен раст на профит за 2008 година
Атина, Грција, 12 Ноември 2009 – Printec Group, водечкиот провајдер на решенија за автоматизирани трансакции во југоисточна Европа, ги објавува своите финансиски резултати за фискалната година 2008, своите први утврдени финансиски резултати согласно со International Financial Reporting Standards (IFRS). Наспроти поминатата финансиска криза во банкарскиот сектор во југоисточна Европа во текот на втората половина од 2008 година, Printec Group забележа импресивен пораст во споредба со 2007 година.

Утврдениот промет достигна 100.7 милиони евра, што е за 14% повеќе во споредба со 2007 година. Заработката пред оданочување е подобрена за 66% достигнувајќи 10,8 милиони евра по прилагодувањата, кои се резултат на иницијалната IFRS имплементација. Паричните резерви на Групацијата достигнаа до 15 милиони евра, со многу ограничена моќ и со исклучителна структура на капитал со нето однос долг/капитал од 0.3.

2008 беше година на интензивен развој и инвестициони активности за Групацијата кои:

• Го проширија портфолиото на производи вклучувајќи интегрирани решенија за трговските и телекомуникациските инфраструктурни сектори;

• Лансирање на Printec Република Чешка за обезбедување на крајни продукти за автоматизирани трансакции и сервиси на локалниот пазар, отварајќи го патот за својата 15-та работна подружница;

• Унапредување на својата физичка инфраструктура во Хрватска, Словенија и Бугарија во нови сопствени канцеларии и магацини;

• Потпишано стратешко партнерство со Oberthur, водечкиот провајдер на картични решенија, софтвер и апликации за ексклузивна дистрибуција во финансиските институции на југоисточна Европа.

Овие се првите финансиски извештаи на Групацијата од повторното поставување во Кипар и основањето на Printec Холдинзи кои одсега натаму ќе ги зацврстат бизнис активностите во 15 земји во кои работи.

Во однос на финансиската ефикасност на компанијата, Претседателот и извршен директор на Групацијата Г-дин. Haris Konstantinou рече: „Утврдените финансиски резултати објавени денес, уште еднаш ги потврдуваат нашите очекувања и дадени ветувања за 2008 година. Во таков период на глобална финансиска криза и небезбедност, Printec излезе не само како соодветен туку и како најдоверлив партнер во југоисточна Европа. Нашот зголемен волумен на бизнис во комбинација со голема профитабилност и умерена капитална структура е доказ против било каков сомнеж за довербата на нашите клиенти во стратегијата за развој на Групацијата“.


Успешна приказна: Софтверските решенија на Принтек Групацијата се избрани од ING и MasterCard во првиот пилот проект за мобилно плаќање во Романија
Printec Group Romania , подружница на Принтек Групацијата објавува дека нејзината софтверска апликација за VeriFone терминали е избрана од ING Романија и MasterCard за имплементација на првиот пилот проект за мобилно плаќање во земјата, со користење на технологијата за комуникација во близина на поле (near field communications (NFC)). Апликацијата ќе овозможи безжична комуникација помеѓу телефоните и терминалите на трговците. Проектот иницијално е имплементиран на 30 локации на трговци во Букурешт и ќе трае шест месеци.

ING Романија и MasterCard склучија партнерство со цел да им понудат на клиентите во Романија апликација за мобилно плаќање, која ќе им овозможи да плаќаат, да прават трансакции и да ја надополнат нивната сметка – се со нивниот мобилен телефон. Производот е базиран на Maestro® PayPass™, MasterCard производ за бесконтактно плаќање специјално дизајниран за микро плаќања. Ова е првиот бесконтактен проект на Романскиот пазар и ќе им овозможи на клиентите да ги користат своите мобилни телефони за да платат сметка со мала вредност со едноставно доближување на мобилниот телефон до специјално опремениот терминал. Максималната сума за трансакција е 80 RON (приближно 20 евра). На овој начин, на клиентите им се овозможува сестраност, брзина и безбедност на бесконтактните плаќања.

Она што е поспецифично, софтверската апликација на Принтек ќе ја овозможи конекцијата помеѓу VeriFone VX510 и QX110 бесконтактните терминали со банкарскиот хост систем преку користење на NFC технологијата која е базирана на безжична поврзаност во краток опсег и е дизајнирана за интуитивна, едноставна и безбедна интеракција помеѓу електронските уреди. Решението се карактеризира со едноставна за користење мобилна корисничка сметка која им овозможува на корисниците пристап до нивното салдо и им овозможува веднаш да го надополнат своето салдо со користење на „Over–the-Air“ функционалностите за надополнување.

Нова подружница во Република Чешка
Атина, Грција, Мај 2009 година - Printec Group, верна на своите стратешки одлуки за географско проширување, го најавува отворањето на својата 15-та подружница во југоисточна Европа „Принтек Република Чешка“. Новата подружница е најавена на состанокот на Асоцијацијата за картички на Чешката Банка кој се одвиваше во Писек, Република Чешка на 20-21 Мај. Јан Подолски, генералниот менаџер на Принтек Република Чешка, направи официјална најава на новата компанија која ќе обезбеди продукти и сервиси со највисок квалитет на локалниот пазар, кои Принтек ги нуди заедно со нејзините партнери.

„Нашата нова подружница во Република Чешка го одбележува нашиот влез на еден од најпредизвикувачките пазари во југоисточна Европа. Овој чекор е во согласност со нашата стратешка ориентација за постојана географска експанзија“, рече Харис Константиноу, Претседател и CEO на Принтек Групацијата. „Нашата компанија секогаш развива иновативни продукти и сервиси врз основа на високо квалитетна техничка експертиза и „знае како”. Оваа нова подружница ја докажува нашата обврска да обезбедиме доверливи решенија и потребна инфраструктура со цел да ги запознаеме и најсложените барањата на нашите клиенти. Нашето успешно присуство во регионот во текот на последните дваесет години, како и имплементацијата на проектите, ја направи нашата компанија партнер кој го избираат поголемиот дел од водечките организациите во регионот. “

Ново Партнерство со MagTek за Решенија за Инстант Издавања (Instant Issuing)
Атина, Грција 3 Февруари 2009 година - Printec Group, верна на својата некомпромитирачка посветеност да им овозможи веродостојни решенија за авоматизирани транскациите на клиентите, објавува партнерство со MagTek, светски лидер во технологија за електронски трансакции. Партнерството ќе им обезбеди на клиентите на Групацијата Принтек решенија на MagTek за продукција на инстантни картички и издавање на картички решенија на подрачјето на Југо-Источна Европа.

Производното портфолио на MagTek со издавање на интстантни картички за брзо, прикладно и сигурно инстант издавање на финансиски (кредитни/дебитни/АТМ) картички во филијалите ќе биде овозможено за клиентите на Групацијата Принтек во сите петнаесет земји на Групацијата. Издавање на инстантни картички, комбинирано со прилагодена персонализација, ќе овозможи високо ниво на услуга којашто постоечките клиенти на Принтек Групацијата ќе ја ценат, а ќе бидат привлечени и нови клиенти. По прецизно, Express Card 1000 на MagTek, оспособена за целосно персонализирање на било која Кредитна/Дебитна/АТМ картичка за 90 секунди, им овозможува на финансиските инстутции да им нудат на своите клиенти, брзо и пригодно, инстант издавање или инстантна замена на финансиските картички во филијалите.

"Како што индустријата со картички станува се поконкурентна на глобално ниво, степенот на понудена услуга за клиентите на банката станува фундаментален", вели Panos Halkias, Директор на Дивизијата за Авоматизирани Трансакции, Принтек. "Нашиот избор за партнерство со MagTek е во иста линија со трендот за инстант издавање на картички и персонализација во филијалите".

"Првиот систем базиран на филијали за инстант издавање на картички на MagTek беше инсталиран во 1978. Сега инстант издавањето за брзо време станува норма, ние сме воодушевени што сме партнери со Принтек во Југо-Источна Европа, една од најбрзо растечките региони за системи за инстант издавање", вели Poulston, Управен Директор, MagTek Европа".

За MagTek

Основана во 1972 година, MagTek, Inc. е водечки добавувач на технологија која ги прави електронските трансакции посигурни, побрзи и попригодни. Со неговите сигурни читачи на картички, проверени скенери на чекови, системи за инстантна персонализација на картички и силен PIN менџмент и системи за верификација на идентитетот, MagTek прозиводите и компонентите се користат во секојдневниот живот: во супермаркети, бензиски станици,банки/кредитни сојузи, ресторани, казина и хотели, во авиони, во часовници, АТМи, киосци и POS ерминали. За повеќе информации Ве молиме одете на: www.magtek.com.

Printec Group Учествува на 4-тиот EMVCo Terminal Type Работен Состанок
Атина, Грција 13ти Мај 2008 година - Printec Group го објави учеството на Компанијата на 4-тиот EMVCo Terminal Type Working Состанок, кој беше организиран во Торонто, Канада, од EMVCo, EMV тело за стандардизација во сопственост на MasterCard Worldwide, VISA Inc, и JCB Co. Ltd. Целта на состанокот беше да се редефинира процесот за одобрување на тип на опрема за плаќање (POS и ATM) и платежен софтвер со договор и картички без контакти. Учесниците на сосотанокот беа мал број експерти, претставници на вендори, меѓу кои беше и Др.Fotis Moulatsiotis, Директор на Професионалните Услуги на Принтек Групацијата.

EMVCo е основан во 1999 од Europay International, MasterCard International и Visa Internationa за да ги управува, оддржува и развива EMV™ Integrated Circuit Card Specifications for Payment Systems (Интегрирани Circuit спецификации за картички за Платежни системи) за да осигураат интерна оперативност и прифаќање на интегирани circuit картички во платежните системи, на меѓународно ниво.

Printec Group беше една од десетте вендори со платежни системи од цел свет, кои беа избрани да учествуваат на затворената панел дискусија. И Printec Group и Др.Fotis Moulatsiotis беа избрани од EMVCo заради нивното долготрајно искуство во развој и тестирања сертифицирани од јадрото на EMV.

Финансиски Резултати на Групацијата Принтек
Атина, Јули 2008 - Printec Group ги најави утврдените резултати за фискалната година 2007.

Утврдените резултати за 2007 година откриваат уште една година на подобрување на финансиските перформанци и ја подвлекуваат длабочината на комерцијалните и операционите способности на Групацијата.

Утврдениот профит од постојаните комерцијални актвности достигна €88.5 милиони, зголемен во споредба со 2006 година за 5.8%. Утврдените бруто приходи надминаа €6.5 милиони - годишно зголемување за 41.6% - засилено од подобрената маргинална добивка од услуга на клиенти и успешно задржување на трошоците на оперативноста.

Во текот на 2007 година Printec објави серија на стратегиски иницијативи,зацврстувајќи ја својата позиција во Југо-Источна Европа:

• Оваа година Компанијата се прошири во Македонија, со основање на Принтек Технолоџи во Јануари

• Во Јули, Printec го надгради своето присуство со претставништво во Молдова преку отварање на целосно интегрирана и функционална филијала

• Есеноска, Printec го претстави својот најамбициозен проект за географска експанзија - основање на Printec Ukraine LLC - комбинација од комерцијален тим од висок калибар со способност за доставна услуга во целата земја

• На крај, Printec го прошири географскиот делокруг на неговиот договор за дистрибуирање со De La Rue за да вклучи дополнително уште две земји - Хрватска и Словенија

Како признание на успешната историја на Printec и развојните потенцијали во тој регион, Групацијата ја пресели својата Холдинг компанија на почетокот на 2008 година. Printec Holdings Ltd ќе ги контролира сите подружници/ филијали низ 15 земји со оперативно присуство на Printec.

За тој настан, Г-дин Charilaos Konstantinou, Претседател и Генерален Менаџер на Printec Group, го искоментира следново: "Нашите ѕвездени финансиски резултати ги потврдуваат нашите очекувања и обврски за 2007. Силната профитабилност на Printec заедно со храбрите инвестициски иницијативи ја потврдуваат нашата развојана стратегија и нашата репутација како веродостоен партнер за финансиски интитуции во Југо-Источна Европа".

 


 

 

 

 

Новитети & Известувања
 
 
 
Printec Footer EvermoreWorld.com Privacy Policy EvermoreWorld.com